Милс изненаден зошто го нема во идеалната петорка на СП

Од:

Најдобриот австралиски кошаркар, Пети Милс, преку социјалните мрежи откри дека од Австралиската кошаркарска федерација го информирале дека ќе биде вметнат во идеалната петорка на првенството, а тоа не се случи.

Милс играше добро на Мундобаскетот, имаше просек од 22,8 поени, 2,3 скока и 3,9 асистенции по натпревар, беше најзаслужен за пласман на неговиот национален тим меѓу четирите најдобри, но Австралија иако дојде на чекор од медал, си замина дома со празни раце.

Во идеалната петорка на Мундобаскетот во Кина се најдоа Рики Рубио и Марк Гасол од Шпанија, Србинот Богдан Богдановиќ, Французинот Еван Фурние и Аргентинецот Луис Скола, додека Милс за малку извиси.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он