Милосављев и Криштопанс во иделаниот тим на тренерите на тимовите во ЛШ

Од:

Пред почетокот на четвртфиналните мечеви во ракометната Лига на шампиони, од Европската ракометна федрација (ЕХФ) објавија кои играчи се во најдобрата седморка според изборот на тренерите.

Во неа се најдоа двајца ракометари на Вардар.

Според гласањето на 24 од вкупно 28 тренери на тимови во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев и Даинис Криштопанс сезонава заслужуваат да бидат во иделаната седморка.

Иделаниот тим според тренерите од тимовите во ЛШ:

голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек – Микел Хансен – (ПСЖ)
среден бек – Енди Шмит – (Рајн Некар)
пивотмен – Јаник Колбахер (Рајн Некар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Блаж Јанц (Кјелце)

дефанзивец – Тобијас Карлсон (Флензбург)
млад играч – Мелвин Ричардсон (Монпелје)

тренер – Хуан Карлсо Паштор (ПИК Сегед).

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир