Милан непријатно изненаден од УЕФА

Од:

Поранешниот италијански и европски шампион Милан е изненаден од одлуката на УЕФА да не ја прифати понудата на клубот за договор околу правилата за финансиски ферплеј.

Одлуката на Европската фудбалската федерација беше објавена вчера и со неа на „росонерите“ им се одбива предлогот за договор и им се заканува забрана за настап во евро-куповите.

– Прилично непријатно сме изненадени, бидејќи очекувавме УЕФА да ни предложи договор. Откако беше воведен финансискиот ферплеј, таков договор им беше предложен на сите тимови, со исклучок на неколку помали руски клубот. Ние отидовме во УЕФА пред 15 дена и го претставивме нашиот план кој гарантираше решавање на проблемите кои се појавија поради промена на сопственикот на клубот, изјави Марко Фасоне, извршен директор на Милан.

Европската фудбалска федерација го одби планот за рефинансирање на долгот што го има Милан во висина од околу 380 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година