Галатасарај постигна договор за преземање на напаѓачот на Милан, Андреа Силва.
Според „Фанатик“, двата клуба постигнале договор за трансферот на Португалецот во гигантот од Истанбул.
Сега, сепак, се чека одговорот на 22-годишниот фудбалер дали ја прифаќа понудата на Турците.
Силва пристигна на „Сан Сиро“ со големи очекувања, но не успеа да импресионира со неговите настапи и постигна само 2 гола во Серија А.