Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш

Од:

Раководството на Металург го обезбеди второто засилување за следната сезона.

Се работи за црногорскиот репрезентативен пикер, Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест.

Тој со тимот од Автокоманда потпиша едногодишен договор.

Канкараш во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и за белорускиот Мешков Брест (2019-2020).

Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Претходно, поранешниот репрезентативец на Србија Момир Рниќ (32) договори едногодишна соработка со Металурзите.

Рниќ во кариерата има настапувано за Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир