Металург се искачи на второто место во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Металург постигнаа победа против Слога од Добој со 28:18 (13:8) во натпревар од 13. коло од СЕХА лигата. Македонскиот првак со новиот триумф изби на второто место на табелата со 27 бодови, еден помалку од Мешков Брест. Слога е последна без освоен бод.

Тренерот на Металург Лино Червар, на овој натпревар настапи без Дарко Станиќ, Ренато Вугринец, Филип Миркуловски и Ванчо Димовски, кои одмораа за неделниот натпревар од Лигата на шампионите против Силкеборг. Најефикасени на натпреварот беа: Дејан Манасков со 10 и Миладин Козлина со 6 голови.

Во тек е натпреварот меѓу Извиѓач и Вардар про.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он