Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во недела го игра последниот натпревар од групата во Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува руската екипа Чеховски Медведи, која на првиот дуел на двата тима постигна победа на домашен терен.
Ракометарите на Металург вчера одиграа добар натпревар и постигнаа победа над Загреб во СЕХА лигата.
– Мора да го заборавиме Загреб и да мислиме за недела и дуелот со руската екипа. Ако победиме можеме да завршиме на третото место во групата што ќе биде многу подобар пласман од ланскиот во групата. Чеховски Медведи е доста незгоден противник за нас, има многу искуство. Играат одбрана 5-1. Сакаме да се простиме од ЛШ со победа, но ќе биде тешко, изјави тренерот Лино Червар.
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски изјави дека неговиот тим подобро да се подготви и да ја заврши Лигата на шампионите со победа.
– Треба да се подготвиме добро. Ги поправивме грешките од дуелот со Веспрем. Сакаме да ја завршиме ЛШ со победа, се надевам и на полни трибини во недела, изјави Кузмановски.
Екипата на Чеховски Медведи се наоѓа на последното шесто место во групата со шест бодови или два помалку од Металург.
Натпреварот се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:30 часот.