Металург поразен во Велење

Од:

Во натпревaр од 8.коло во Ц групата од Лигата на шампионите ракометарите на Металург попладнево претрпеа пораз на гостувањето кај словенечкиот претставник Горење со резултат 23:19.

Во натпревар со две различни полувремиња нашиот шампион имаше евидентен пад во играта во периодот од 40.та до 53.та минута, што се покажа како решавачки дел за конечниот победник.

Македонскиот шампион во првата четвртина од натпреварот ја имаше контролата врз резултатот и повеќепати се наоѓаше во водство кое на моменти изнесуваше три голови разлика. Домаќините во 17. минута за првпат поведоа со 7:6, подоцна имаа и водство од 10:7, но Металург на крајот ор првото полувреме со серија од 3:0 изедначи на 10:10.

Лошо започна второто полувреме за металурзите кои во 35.минута губеа со 13:11. Следуваа голови за Мојсоски и Манасков и повторно изедначување 13:13. Од тој момент Горење заигра многу поагресивно во одбраната, а одбраните на голманот Гајиќ беа наградени со серија од 3:0 за водство од 16:13 во 45.минута и 20:15 на 10 минути пред крајот, доволно за сигурен финиш.

Најдобар поединец во Металург беше Наумче Мојсовски со седум постигнати голови.

Со овој триумф Горење се наоѓа поблиску до второто место во групата кое обезбедува полесен противник во следната, елиминациска фаза. Пред одигрување на последните две кола Горење има биланс шест победи и два пораза, а Металург пет победи и три порази.

Денеска се играат и другите две средби од Ц групата: Киелце – Санкт Петербург и Шамбери – Силкеборг.

Табела: Киелце 14, Горење 12, Металург 10, Силкеборг 6, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ