Металург подобар од Ловќен, а Вардар Про ремизираше со Татран

Од:

Македонските екипи во СЕХА лигата вечерва во натпреварите од 14.коло остана непоразени на гостувањата.

Металург ја постигна 10.та победа, откако на Цетиње го совлада Ловќен со 24:22.

Вардар Про на гостувањето во Словачка одигра нерешено со Татран Прешов 28:28 и тоа за „црвено-црните“ беше трето реми оваа сезона.

По денешните резултати „четворката“ на врвот на табелата се издвојува за пласман на завршниот турнир, а тимовите на Ловќен и Татран Прешов по дненешните неуспеси ги намалија шансите.

До крајот на лигашкиот дел остануваат уште четири кола.

Металург во петок во Љубушки гостува кај Извиѓач и порано од предвидениот термин ќе го одигра натпреварот од последното коло.

Табела: Мешков Брест 31 бод, Металург 30, Загреб КО 29, Вардар Про 27, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он