Ракометарите на македонскиот првак Металург попладнево во 16 часот го играат натпреварот од 9.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Во Чехов, рускиот вицепрвак Санкт Петербург е една од последните две пречки за Металург до второто место.
За македонскиот шампион ова е последно гостување во групата, а со победа избраниците на тренерот Лино Червар ќе ги задржат шансите за втората позиција.
Во составот на Металург ќе ги нема голманот Петар Ангелов и Златко Мојсоски, додека на нивните места се Никола Митревски (голман) и новото засилување Игор Мандиќ, кој дојде од екипата на Борац Бања Лука.
Покрај овој натпревар во групата Ц во 9.коло играат: Киелце – Шамбери (денес) и Силкеборг – Горење (утре).
Табела Ц група: Киелце 16, Горење 12, Металург 10, Силкеборг 6, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.
А група: Флензбург – Адемар 27:22, Партизан Хамбург (денес) и Монпеље – Чеховски Медведи (утре).
Табела А група: Флензбург 14, Чеховски Медведи 12 бода, Хамбург 12, Монпеље 5, Адемар 5, Партизан 2.
Б група: Цеље – Констанца (денес), Атлетико Мадрид – Савехоф (утре) и Кил – Веспрем (утре).
Табела Б група: Веспрем 16, Кил 12, Атлетико Мадрид 8, Цеље 4, Констанца 4, Савехоф 4.
Д група: Кадетен Шафхаузен – Берлин 35:40, ПИК Сегед – Динамо Минск (денес) и Барселона – Загреб КО (денес).
Табела Д група: Барселона 14, Берлин 14, Динамо Минск 11, Кадетен Шафхаузен 4, ПИК Сегед 4, Загреб КО 3.