Ракометарите на Металург обезбедија пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата откако вечерва во салата „Автокоманда“ го победија тимот Мешков Брест со 28:26 (16:12).
Во првиот дел Металург имаше водство и од шест голови разлика, кое на почетокот на вториот дел гостите го намалија на еден гол, но сепак македонскиот првак успеа да ја запише 12.победа.
Најефикасни на натпреварот беа: Словенците Миладин Козлина и Давид Коражија кои постигнаа по 7 односно 6 голови. За Коражија ова беше прв натпревар во дресот на Металург и го заврши без промашување, откако го заменува повредениот Дејан Манасков.
Табела: Металург 36 бодови, Загреб КО 32, Мешков Брест 31, Вардар Про 30, Ловќен 26, Татран Прешов 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац 7, Слога 3.