Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави носителите и шеширите за ждрепката за групната фаза што ќе се влечи на 30 јуни во Љубљана. Македонскиот вице првак Металургзаедно со Адемар Леон, е одреден за носител и ќе биде извлечен од првиот шешир во групите Ц и Д.
Изглед на барабаните за групите Ц и Д:
Шешир 1: Металург и Адемар Леон
Шешир 2: Скјерн и Мотор Запорожје
Шешир 3: Горење Велење и Монпелје
Шешир 4: Кадетен Шафхаузен и Бешикташ
Шешир 5: Чеховски Медведи и Динамо Букурешт
Шешир 6: Елверум и Квалификант.