Металург го скрши отпорот на Шамбери

Од:

Ракометарите на Металург, со победа ја завршија оваа година, кога станува збор за натпреварите во Лигата на шампиони. Металург, во рамките на седмото коло, во Ц групата, забележа победа над Шамбери со 26:22 (13:12).

Спротивно на сите прогнози и очекувања Металург наиде на силен отпор од францускиот тим и до победата стигна дури во последните пет минути на натпреварот. Мечот го одбележаа голамните на двата тима Станиќ со 15 и Домулен со 16 интервенции.

Најефикасен во Металург беше Вугринец со седум погодоци, по четири постигнаа Манасков и Миркуловски, додека по три гола дадоа Георгиевски, Мојсовски и Ракчевиќ.

Дарко Станиќ на голот на Металург имаше 15 успешни одбрани.

Во редовите на Шамбери, најдобар играч беше голманот Домулен кој имаше 16 одбрани, кај стрелците се истакнаа Пати и Нгуесан со по шест голови.

Натпреварот со Шамбери беше последен во Лигата на шампиони, во оваа година за Металург, следниот меч во Ц групата македонскиот првак ќе го одигра на 9.март 2013, кога ќе гостува кај Горење.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он