Металург го престави Вугринец

Од:

Ракометниот шампион на Македонија, Металург официјално го претстави своето најново засилување, Ренато Вугринец. Поранешниот репрезентативец на Словенија, има 37 години и настапува на десната бековска позиција.

„Среќен сум што сум дел од Металург. Ова е добра екипа со извонреден тренер. Се надевам дека со своето искуство ќе му помогнам на тимот во оваа сезона“, рече Вугринец.

Задоволството од доаѓањето на искусниот ракометар не го криеше ниту тренерот на Металург, Лино Червар.

„Она што импонира е човек кој има сменето многу клубови, и тоа не какви било клубови, а го задржа континуитетот. Тоа го може само играч кој си ја сака работата, тој го сака ракометот, без тоа не може да се постигне резултат“, рече Червар.

Новиот играч на македонскиот првак дојде од Марибор, претходно настапувал за Хамбург, Магдебург, Портланд Сан Антонио и Пивоварна Лашко.

Вугринец со Металург потпиша едногодишен договор, а ќе го носи дресот со број 7. Словенецот за Металург ќе дебитира на мечот со Шамбери во лигата на шампиони, кој ќе се одигра во недела.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ