Екипата на Металист е исфрлена од Лигата на шампионите, објавија од УЕФА.
Украинскиот клуб е осомничен за наместени резултати од натпревари во минатата сезона и ќе биде казнет.
Сега тимот од Харков веќе е на претпоследната фаза од влез во групите каде за ривал го има германскиот Шалке 04. Можно е Шалке да се пласира директно, или соперникот на Металист во претходната фаза ПАОК да добие шанса.
Подоцна денеска треба да биде објавена конечната одлука по случајот.