Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – Лионел Меси (37) пристигна во МЛС летото 2023 година и договори соработка до крајот на актуелната сезона, но се очекува и следната сезона да ја помине во истата средина.
Lionel Messi closes in on shock new contract with David Beckham’s Inter Miami https://t.co/lezbIEbdz9
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 11, 2025
Според новинарот Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Меси треба да потпише нов договор кој би траел до декември 2026 година.
Легендата на Барселона оваа сезона одигра четири натпревари во МЛС и постигна три гола и имаше две асистенции.
Тимот во сопственост на Дејвид Бекам во 2026 година ќе се пресели на нов стадион чија вредност е над милијарда долари, а поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сака Меси да биде предводник на тимот кој таму ќе започне нова ера на фудбалот.
Покрај Меси, во овој тим се и Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез од поранешните фудбалери на Барселона, а на Флорида би можел да дојде и играчот на Манчестер Сити и еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во светот во последните десет години, Кевин де Брујне.