Менаџерот на Роберт Левандовски, Пини Захави, бил во постојан контакт со Барселона и ПСЖ, тврди водечкиот германски медиуми „Билд“. Овој извор потсетува дека нема напредок во преговорите помеѓу Баерн и Захави, околу новиот договор. Левендовски има договор со Баерн до јуни 2023 година.
Доколку Баерн не се договори со Левандовски до крајот на сезоната, тогаш фудбалерот ќе побара трансфер во летниот преоден рок. Класична „деветка“ им е потребна на ПСЖ и Барселона и двата клуба не го кријат интересот за Полјакот.
ПСЖ ќе останат без Килијан Мабапе и Мауро Икарди. На „светците“ им треба напаѓач кој ќе може да функционира со Нејмар и Меси.
За Барселона, Левандовски е резервна опција, доколку клубот не успее да го реализира трансферот на Ерлинг Халанд.