Во спортскиот центар „Александар Стојчев“ во населбата „13 Ноември“ во општина Аеродром (зад Мајчин дом), со почеток во 18:00 часот ќе почне традиционалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатиот бранител Александар Стојчев.
На турнирот ќе се натпреваруваат четири екипи составени од деца од општина Аеродром на возраст до 14 години, кои активно тренираат во младинските фудбалски школи на ниво на Град Скопје.
Меморијалниот турнир се организира со поддршка од Општина Аеродром и Македонскиот полициски синдикат.