Меморијален турнир во кошарка за Горан Димоски

Од:

Меморојален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од денеска до недела во спортската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар.

На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3х3. Почетокот е најавен за денеска во 17 часот, утре ќе се одвива од 18 часот, а задутре од 11 часот.

– Горан го сакаше спортот, а особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели, соопштија организаторите на турнирот.

Горан Димоски беше роден во Скопје на 3 јануари 1996. Студираше на Американ колеџ во Скопје. Почина трагично на 3 март годинава.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ