Мемфис прв до десет победи

Од:

Кошаркарите на Мемфис први постигнаа десет победи во новата сезона во НБА лигата. Тие ноќеска во 11.тиот натпревар ја остварија 10.та победа совладувајќи го дома тимот на Хјустон. Победникот беше решен по првиот дел што Мемфис го доби со 65:42.

Двата тима во дуелот влегоа со идентичен скор 9-1 (победи-порази). Најдобар на дуелот беше домашниот играч Мајк Конли со 19 поени и 6 асистенции.

Екипата на Филаделфија е единствената без победа по 10 одиграни натпревари.

Резултати на ноќешните дуели: Мемфис – Хјустон 119:93, Шарлот – Далас 80:107, Кливленд – Денвер 97:106,Бостон – Феникс 114:118, Бруклин – Мајами 83:95, Детроит – Орландо 93:107, Сан Антонио – Филаделфија 100:75, Портланд – Њу Орлеанс 102:93 и ЛА Клиперс – Чикаго 89:105.

Вечерва се играат четири натпревари: Атланта – ЛА Лејкерс, Милвоки – Њујорк, Јута – Оклахома Сити и Сакраменто – Њу Орлеанс.

Пласман Источна конференција: Торонто 8-2 (победи-порази), Вашингтон 7-2, Чикаго 8-3, Кливленд 5-4, Атланта 5-4,…

Пласман Западна конференција: Мемфис 10-1, Хјустон 9-2, Голден Стејт 8-2, Портланд 8-3, Далас 8-3,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on