Лестер Бо Меккејлеб вчера попладне им се приклучи на македонски кошаркари.
Натурализираниот Американец кој требаше да допатува на подготовките во Крањска Гора на 1 август по негово барање на репрезентацијата и се приклучи вчера. Бекот и останатите играчи денеска ја менуваат локацијата на подготовките за Европското првенство кое за еден месец треба да започне во Словенија и ќе трае до 22 септември.
Од планиснкиот центар Пипан со совоите избраници се сели во Хрватска каде црвено-жолтите треба да одиграат и две контролни средби со домашната селекција в среда во Славонски Брод и в четврток во Загреб. Но на двете пресметки нема да се појават Антиќ и Меккејлеб. Тие двајцата за прв пат ќе игераат пред домашната публика на 17 август кога во Борис Трајковки ќе се сретнеме со Литванија.