Конор Мекгрегор доцна синоќа беше приведен од полицијата во Њујорк по инцидентот кој предизвика откажување на три борби во УФЦ 223 и повреда на еден борец кој денеска требаше да биде во рингот.
Исто така, Мекгрегор ќе остане и без шампионскиот појас, најавија од УФЦ 223.
Мекгрегор од непознати причини скрши стакло на автобусот во кој се наоѓаа борци кои требаше да настапат на УФЦ 223, меѓу нив и Кабиб Нурмагомедов еден од потенцијалните нови шампиони.
По платена кауција од 50 илјади долари Мекгрегор беше пуштен на слобода, но ќе остане без појасот, бидејќи одбива да се бори со предизвикувачите.