Мејведер ќе собере речиси 90 милиони долари од неговата деби борба во ММА

Од:

Поранешниот светски шампион во бокс Флојд Мејведер може да заработи 88 милиони долари од неговата деби борба во мешаните боречки вештини (ММА), пренесе Токио Спортс.

Четириесет и едно-годишниот Американец, кој нема пораз на професионалниот ринг, на 31 декември ќе се бори со 20-годишниот јапонски кикбоксер Теншин Нацукава во натпревар од турнир на ММА во организација на РИЗИН.

За неговото учество во натпреварот Мејведер ќе добие надомест од 7 милијарди јени, околу 61,8 милиони долари. Од правата за емитување на натпреварот, Американецот ќе работи уште 3 милијарди јени (26,5 милиони долари). Правилата на средбата меѓу него и Јапонецот се уште не се воспоставени.

Мечовите ќе се одржат во „Саитама Супер Арена“, во која ќе има 37.000 гледачи.

На професионалниот ринг во боксот, Мејведер има 50 победи (27 со нокаут) се уште нема пораз. Во својата последна борба во јули минатата година (според правилата на бокс) тој го победи ММА борецот Конор Мекгрегор со технички нокаут во десеттата рунда.

Неговиот претстоен ривал, Теншин Насукава, има четири победи во мешани боречки вештини.

Во последно време се зборуваше за можен судир меѓу Мејведер и носителот на појасот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но раководителите на шампионатот го демантираа тоа и беа категорични дека слична борба може да се состои, но само по правилата на мешаните боречки вештини

Би можело да ве интересира

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На мексикански ММА борец од ударите му експлодира увото

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: ММА шампион дави човек сред улица: Го заспав со „гилотина“, па се јавив во полиција

Предраг Петровиќ