Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Од:

Пингпонгарската федерација на Македонија продолжува да инвестира во капацитетот на тренерскиот кадар. По успешно завршување на првото ниво, согласно стандардите за сертификација на светската федерација, ИТТФ1, во посета на државата е менаџерот за развој на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) Мохамад Алтоум, кој во периодот од 18-23 август ќе го одржи семинарот за тренери. Со овој семинар ќе се изврши сертификацијата за тренери на второ ниво, ИТТф2, соопштија денес од ППФМ.

Дванаесетте тренери заедно со гостинот ќе работат во Берово со финансиска и организациска поддршка од Олимпискиот комитет преку Фондот за солидарност.

По завршувањето на семинарот за тренери, гостинот од ИТТф ќе одржи и неколкудневен тренинг камп за најмладите и талентирани македонски играчи од државата со поддршка на националните тренери.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“ викендов по трет пат ќе се одржи во Берово

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска