Медведев: Ќе ги бојкотирам натпреварите што се играат во 11 часот наутро

Од:

Рускиот тенисер Данил Медведев имаше интересна изјава за својата кариера во иднина. Медведев зборуваше за натпреварите што се играат рано наутро и истакна дека во иднина ќе ги бојкотира тие дуели.

Разговарав со мојот тим и им реков: Слушајте, кога ќе наполнам 35 години, ќе ги бојкотирам натпреварите што се играат во 11 часот наутро“. Навистина го мислам тоа, нема да играм, ќе се откажам од нив. Ќе објаснам дека сум се успал, дека не се разбудив на време. Жал ми е“, изјави Медведев за Гардијан“.

Тој вели дека има голема разлика во натпреварите што се играат навечер и наутро.

Според мене, 11 часот е прерано за натпревар. Мора да се разбудите околу 6:30 наутро. Ако играте навечер, станувате околу 9 наутро. Тоа ја менува целата перспектива на натпреварот. Од ментален аспект, тоа е навистина лудо“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Шок на стартот на Вимблдон – рускиот тенисер Данил Медведев елиминиран уште во првото коло

А1он