Медведев фрлаше ситни пари кон судијката

Од:

Рускиот тенисер Данил Медведев по поразот од Рубен Бемелманс најпрво со поздрави со главната судијка Маријана Алвеш, а потоа извади три монети од неговиот паричник и една по една ги фрлаше кон неа.

Португалската судијка Алвеш која важи за една од најдобрите тениски арбитри во текот на мечот неколкупати беше вербално нападната од Медведев.

По непримерниот потег Русинот изјави дека немал намера да инсинуира поткуп на судијката, призна дека направил грешка и рече дека ќе се извини за инцидентот.

Се очекува реакција на организаторот кој најверојатно ќе го санкционира Медведев.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ