Македонската кошаркарска репрезентација со победа го започна турнирот на Медитеранските Игри во турскиот град Мерсин. Избраниците на селекторот Марјан Србиноски го победија Египет со 74:67 (13:20, 12:8, 11:14, 20:14; 18:11) по петминутното продолжение, откако во основните 40.минути резултатот беше изедначен 56:56.
На своето деби на едно вакво натпреварување, македонските кошаркари не одиграа на посакуваното ниво, а посебно потфрлија во шутот од далечина и во скок-играта.
Бојан Трајковски со 20, Димитар Караџовски со 16 и Александар Костовски со 11 поени беа најефикасни во македонската селекција која се натпреварува во А групата.
Во првиот дуел на Игрите со кој беше отворен кошаркарскиот турнир, во Б групата, Србија ја совлада Италија со 77:64.
Денешната програма ќе биде затворена со вториот натпревар од 1.коло во А групата меѓу Турција и Алжир.