Медитерански игри – Алжир следен противник на македонските кошаркари

Од:

Македонската кошаркарската репрезентација денеска ќе игра против селекцијата на Алжир во натпревар од второто коло на групата А, на Медитеранските игри кои се одржуваат во турскиот град Мерсин.

По вчерашната победа над Египет по продолжение со 74:67, денеска избраниците на селекторот Марјан Србиновски во дуелот со Алжир ќе атакуваат на триумф со кој ќе го осигураат место во полуфиналето на игрите.

Ова откако фаворитот во групата и домаќин на игрите Турција, вчера беше убедливо подобар токму од денешниот наш противник Алжир совладувајки го со 97:68.

Натпреварот Македонија – Алжир ќе започне во 16 часот и 15 минути.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он