Медалите за Олимписките игри во Токио ќе бидат изработени од стари мобилни

Од:

Организаторите на Олимписките игри во Токио 2020 година одлучиле дека медалите кои ќе ги делат на Олимписките игри и на Параолимпијадата ќе бидат направени од рециклирани мобилни телефони.

Тие упатиле повик до јапонците да ги донираат своите стари мобилни телефони како би собрале два тони злато, сребро и бронза, колку што се потребни за изработка на повеќе од 5.000 олимписки медали.

„Проектот е добар од повеќе причини – ќе им овозможи на жителите на Јапонија да се вклучат во организација на игрите, ќе се рециклираат телефоните со што помагаме во зачувавање на животната средина, а да не зборуваме за заштедата што ќе се оствари“ истакна директорот на Олимпискиот одбор Коџи Мурофуши.

Од април во сите јапонски градови ќе бидат поставени кутии со логото на игрите во кои ќе може да се остават старите уреди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он