Мечот во двојки ќе го реши победникот на дуелот Македонија – Малта

Од:

Мечот во игра на двојки ќе го даде победникот на дуелот на тениските репрезентации на Македонија и на Малта во рамките на 1.коло од Третата Европската зона на Дејвис купот што се игра во Созопол, Бугарија.

Водство на Македонија од 1:0 и донесе Димитар Грабул откако со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови) го победи Омар Судзука. Во вториот меч по голема борба Томислав Јотовски загуби со 2-1 во сетови (6:3; 3:6 и 6:2 во гемови) од Метју Асциак и резултаот беше изедначен на 1:1 во добиени мечеви.

Во игра на двојки за Македонија настапуваат Грабул со Шендрит Деари против Судзука и Асциак. Мечот е прекинат во првиот сет поради дожд при резултат 4:4 во гемови.

Дождот и вчера беше причина за одложување на мечевите од првото коло. Според програмата денеска требаше се игра и мечот од 2.коло меѓу Македонија и Исланд, но одигрувањето на овој меч е неизвесно.

Во вториот меч од 1.коло од Б групата Исланд направи изненадување и ја победи Молдавија со 2:1.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ