Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

Од:

Жежок натпревар одиграа синоќа Бенфика и Реал Мадрид во првиот меч од плејофот за нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Гостите победија со 1:0 во Лисабон со гол на Винисиус Жуниор во 50-тата минута. Бразилецот го прослави голот провокативно танцувајќи пред навивачите на Бенфика. За ова доби жолт картон, а неговата прослава предизвика бунт на теренот.

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани ја покри устата со дресот за да не може да се прочита од неговите усни што вели, но Винисиус веднаш се пожали кај судијата дека бил мета на расна навреда. Тој го пријави ова на судијата на натпреварот Франсоа Летексиер и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо.

По извештајот, судијата го прекина натпреварот, но натпреварот потоа продолжи без санкции против Престијани.

Во Реал се огорчени од ова бидејќи другите играчи на Реал, особено Килијан Мбапе, тврдат дека и тие слушнале дека Престијани му рекол на Винисиус дека е мајмун.

Поради ова, Мбапе се налути и го нарече противничкиот фудбалер – расист на теренот.

По натпреварот, тој подеднакво огорчено изјави:

„Овој мал Престијани не заслужува да игра во Лигата на шампионите. Не треба да дојде на реваншот на `Бернабеу`. Не заслужува да игра на најдобриот стадион во светот“.
`
Тој објасни зошто:

„Откако Вини го прослави голот, бројот 25 на Бенфика, не сакам да го кажам неговото име, го нарече Вини мајмун петпати. Пет пати! Го слушнав многу јасно!“.

Потоа Мбапе ги повика организаторите на Лигата на шампионите:

„УЕФА има најдобри камери. Нека му го анализираат лицето. Ја покри устата за да не можете да прочитате, но неговото лице може. Лицето не лаже“.

Би можело да ве интересира

Мурињо најдобар тренер во Ла Лига во октомври

А1он

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он