Матиќ: Сакам титула со Јунајтед

Од:

Немања Матиќ, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, ужива во заслужениот одмор со семејството, каде што на 1 август дувна 32 свеќи и посака титулата со „црвените ѓаволи“.

Фудбалерот на српската репрезентација има големи очекувања од следната сезона, која започнува на 12 септември.

– Лично, би сакал да ја освојам титулата со Јунајтед. Мислам дека таков клуб секогаш мора да се бори за шампионскиот трофеј, истакна Немања во разговор за магазинот „Inside United“.

Тој се осврна и на успехот на најголемиот ривал – Ливерпул, кој ја освои титулата по 30 години. „Црвените“ се искачија и на врвот на Европа минатата година.

– Секогаш треба да дадеме се од себе за Јунајтед, што е она што го правиме во моментот. Не смееме да дозволиме еден клуб да ја освои Премиер лигата седум или 10 натпревари пред крајот на сезоната. Мора да се бориме до крај, посочи Матиќ.

Би можело да ве интересира

Солскјер: Јунајтед знае колку е болен поразот во полуфиналето

А1он

Јунајтед ја зголеми платата на Гринвуд

Ландов

Јунајтед со великодушен гест при продлабочување на кризата

А1он

Игало добива по 8.000 фунти за секој гол во дресот на Јунајтед

А1он