Јунајтед со великодушен гест при продлабочување на кризата

Од:

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе изврши исплата на 1 милион фунти на персоналот за време на дуелите во Премиер Лигата, ако преостанатите натпревари до крајот на сезоната се играат пред празни трибини.

Фудбалската асоцијација соопшти денеска дека ги суспендира сите натпревари во Премиер лигата барем до крајот на април. Во оваа ситуација, голем број од оние кои работеа за време на натпреварите се загрижени дека ќе изгубат вредни финансиски приходи.

Сепак, „црвените ѓаволи“ бргу ги демантираа овие проблеми со тоа што излегоа со официјален став за оваа тема. Во изјавата се ветува исплата на 1 милион фунти доколку се дојде до неповолно сценарио.

– Гестот на добра волја има за цел да го намали чувството на несигурност околу финансиската заработка на нашите работници. Исто така, тоа е начин да се заблагодариме за целата одлична работа што ја прават, се вели во пораката.

Би можело да ве интересира

Америка ги смени препораките: Ковид-19 се пренесува и преку воздух, вирусот патува подалеку од два метра

А1он

Пандемијата не стивнува: досега 31.3 милиони заразени, 966.000 починати

А1он

Во Црна Гора повторно една третина од тестираните за Ковид-19 се позитивни

А1он

Хрватска го намалува траењето на карантинот од 14 на десет дена

А1он

Во Словенија сè поголем бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, недостига медицински персонал

А1он

Волстрит журнал: Хрватска со отворањето на туристичката сезона стана случај кој опоменува

А1он