Шпанскиот кошаркарски стручњак Педро Мартинез, е новиот тренер на Басконија, објави евролигашот од Виторија.
Мартинез беше без работа оваа година, кога си замина од Валенсија по изненадувачката титулата во шпанскиот шампионат минатата сезона, а сега прифати да се врати во клубот каде што беше во 2005 година.
Тој го наследува Пабло Приџони по серијата лоши резултати на почетокот на сезоната во Евролигата и Шпанската AЦБ Лига.
Басконија вечер од 20 часот гостува кај Бамберг во 4.коло од Евролигата. На првите три натпревара, Басконија забележа три порази.