Сега веќе двократниот шампион во Кралската класа во Мото ГП, Марк Маркез продолжува да ги соборува рекордите.
Денеска победи на патеката Сепанг за ГН на Малезија што е негова дванаесетта победа оваа натпреварувачка сезона.
Со овој триумф, Маркез го израмни рекордот на Австралиецот Мик Дуан за најмногу победи во една натпреварувачка сезона, со тоа што актуелниот светски првак има можност дополнително да го подобри своето остварување.
Второто место на денешната трка го освои Валентино Роси, пред Шпанецот Лоренцо и Германецот Брадл. Како што е познато, Маркез веќе си ја обезбеди шампионската титула, но интересна е битката за второто место во генералниот пласман, како моментно се наоѓа Роси со 275 бода, пред Лоренцо со 263 и Педроза, кој по слабиот пласман денеска има само 230 бода и ги загуби шансите за втората позиција.
Маркез во квалификациите за ГН на Малезија стигна до рекордната 13-та пол позиција што никому до сега не му успеало во една сезона.
Најбрзиот круг го извозе со време од 1:59.791 минути и стана првиот возач воопшто кој на Сепанг завршил круг за помалку од 2 минути.