Марк Маркез на Репсол Хонда ја одбележа 10-та трла во Мото ГП шампионатот во кралската класа, Големата награда на Индијанаполис.
Шпанецот трката ја започна од лидерската позиција, на стартот ја загуби лидерската позиција од Лоренцо и Педроса, но истата ја врати по осум кругови и не ја испушти до самиот крај.
Маркез во Инндијанаполис ја забележа третата последовна победа, вкупно четврта во неговата деби сезона во Мото ГП шампионатото во кралската класа.
По десет трки во првенството Маркез е лидер во генералниот пласман со 188 бодови, 21 повеќе од Педроса, додека трет е Лоренцо со 153 бода.
Шампионатот во Мото ГП првенството продолжува со трката за Големата награда на Чешка која ќе се вози во Брно следниот викенд.