Возачот на Хонда, дебитантот Марк Маркез триумфираше на 14-та трка сезонава во Мото ГП шампионатот возена на патеката Арагон.
Тој до шетстат победа во кариерата дојде пред сонародникот Хорхе Лоренцо од Јамаха и деветкратниот шампион Валенстино Роси кој се искачи на третото место на победничкиот пиедестал.
Со новите 25 бодови вкупно 278 Маркез е лидер во генералниот пласман пред Лоренцо со 239 и Педроса со 219 бодови. Следната трка ќе се вози на 13 октомври за Големата награда на Малезија.