Маркез: Повеќе не го почитувам Роси

Од:

Стјуардите во Мото ГП шампионатот оценија дека Марк Маркез ја има улогата на жртва во инцидентот кој го имаше со Валентино Роси на трка која се возеше во Малезија утрово по централно европско време.

Одговорните лица одлучија да го казнат Роси со тоа што ќе стартува од последната позиција на последната трка во шампионатот која се вози во Валенсија.

„За мене е лесно да објаснам што се случи, бидејќи добро се гледа на снимките кој е виновен. Се претркавме неколку пати и се беше чисто, но во еден свиок тој се сврте со главата накај мене и ме клоцна со ногата по што загубив контрола над моторот. Во текот на мојата кариера имав толку беспоштедни битки, но никогаш не сум се чувствувал како денеска. Навистина не сфаќам зошто ме удри и зошто покажа агресија. Ова беше чист црвен картон ако ги земеме фудбалските правила во предвид. Сепак, Роси мина само со три казнени поени, а мислам дека требаше да освои идентични бодови како мене. Претпочитам да не кажам што ми рече по трката. Тоа не беше воопшто убаво. Секогаш сум имал голем респект за него. Тој беше мој идол и секогаш ќе биде така, но повеќе не го почитувам. Не само јас, мислам дека ја загуби почитта од многу луѓе. Се надевам дека ова ќе заврши тука, но се сомневам дека тоа ќе биде така“, изјавил Маркез.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска