Маркез ја запиша петтата победа по ред во МотоГП

Од:

Шампионот МотоГП за сезоната 2019, Марк Маркез ја забележа својата петта последователна победа и 11-та вкупна за 2019 година во трка на австралиската патека „Филип ајленд“. Негов главен ривал за победата беше Маверик Вињалес од Јамаха, кој падна во деветтиот свиок на последниот круг, откако се движеше на второто место и се обиде да си го врати првото место, изгубено од Маркез.

Со својот 55-ти успех, Маркез веќе е трет во пласманот по победи во „кралската класа“, пред Мик Дуан. Сепак, од сезоната 2014 година, Маркез немал цели пет победи по ред.

На подиумот со Маркез се искачија двајца сателитски пилоти – со Хонда и Дукати – Кал Крачлоу и Џек Милер.

Би можело да ве интересира

Иџе повторно на тркачките патеки

Ана Ололовска

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Вињалес: Денеска беше победа или ништо

Марк Маркез го заборавил пасошот на седиште во авион

Tрагедија на трка во Кичево, почина автомобилистот Александар Кочевски

Ана Ололовска

На Пониква се одржа ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска