Марк Маркез го заборавил пасошот на седиште во авион

Од:

Седумкратниот светски првак во мотоциклизам, Марк Маркез неодамна имал еден ненадеен проблем при патувањето од Барселона до Тајланд.

Шпанецот најпрвин слетал во Доха, па од главниот град на Катар требало да лета кон крајната дестинација. Но, со себе немал пасош, па вработените на аеродромот во Доха не му дозволиле да се качи во авионот. Не му помогнало ниту тоа што им кажал дека е познат спортист и светски шампион.

На крај, му дозволиле да се врати во авионот со кој допатувал во Доха и да го побара пасошот на седиштето на кое што седел. За негова среќа, патната исправа била таму, па Маркез, сепак, го продолжил патувањето.

Би можело да ве интересира

Иџе повторно на тркачките патеки

Ана Ололовска

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Вињалес: Денеска беше победа или ништо

Маркез ја запиша петтата победа по ред во МотоГП

Tрагедија на трка во Кичево, почина автомобилистот Александар Кочевски

Ана Ололовска

На Пониква се одржа ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска