Македонската пливачка Симона Маринова денеска настапи на Олимписките игри во Лондон во квалификациите на трката на 800 метри слободно.
Маринова отплива 9:28:41, во првата, најслаба, од петте групи во патеката број 3 и убедливо се најде на последното место.
Инаку, нашата натпреварувачка беше пријавена со време 9:08.67, а нејзин најдобар резултат е 8:52.33 минути, додека македонскиот рекорд е во сопственост на Мирјана Бошевска 8:46.33 минути.