Марез официјално во Ал Ахли

Од:

Досегашниот фудбалер на Манчестер сити, Ријад Марез, ќе ја продолжи кариерата во саудискиот прволигаш Ал Ахли, потврдија денеска двата клуба.

Британските медиуми јавија дека 32 – годишниот алжирски репрезентативец е вреден 30 милиони фунти.

Марез беше член на Сити од 2018 година кога дојде од Лестер.

Алжирецот го напушти Лестер по сензационалното освојување на англиската титула, а потоа во дресот на Манчестер сити освои уште четири премиерлигашки титули, како и еден трофеј во Лигата на шампиони.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он