Мареј со пресврт во полуфиналето на Вимблдон

Од:

Британецот Енди Мареј со пресврт во мечот од четвртфиналето на Вимблдон успеа да го победи со 3:2 во сетови Фернандо Вердаско.

Шпанецот ги доби првите два сета со 6:4 и 6:3, а потоа Мареј го навести пресвртот откако го доби третиот сет со 6:1. Во следниот беше 6:4, а во решавачкиот 7:5. Негов противник во полуфиналето ќе му биде Полјакот Јиржи Јанович, кој во „полското четвртфинале“ го совлада Лукаш Кубот со 7:5; 6:4 и 6:4.

Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро, кои со 3:0 во сетови ги совладаа своите ривали. Ѓоковиќ беше подобар од Томаш Бердих од Чешка со 7:6; 6:4 и 6:3 по сетови, додека Дел Потро го совлада Шпанецот Давид Ферер со 6:2; 6:4 и 7:6.

Полуфиналните мечеви на програмата се в петок.

Утре се играат женските полуфинални мечеви Марион Бартоли против Кирстен Флипкенс и Сабине Лисицки против Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ