Мареј – Раониќ вториот полуфинален пар на Австралија Опен

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј и Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ ќе играат во второто полуфинале на Австралија Опен.

Мареј рано утрово во претпоследниот четвртфиналниот меч на турнирот во Мелбурн беше подобар од Давид Ферер (Шпанија) со 3-1, по сетови 6:3, 6:7, 6:2 и 6:3.

Со истиот резултат Раониќ во денешниот дуел го победи Гаел Монфилс од Франција. По сетови: 6:3, 3:6, 6:3 и 6:4.

Победниците од денешните мечеви во полуфиналето ќе играат вечерва еден часот по полноќ.

Второто полуфинале е закажано за утре во 9 часот и 30 минути, а во него ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Рожер Федерер (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест