Мареј победи, но неизвесен за четвртфиналето во Вашингтон

Од:

Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј во три сета го совлада романскиот тенисер Мариус Копил во осминафиналето на турнирот во Вашингтон.

Мареј по три часа игра, и покрај победата, емотивно и низ солзи најави дека е премногу исцрпен и не знае дали ќе настапи во четвртфиналето на турнирот.

– Емоциите сами ми навираа по тешкиот ден. Не знам како ќе закрепнам по овој натпревар. Постои можност да не играм во четвртфиналето. Сега не се чувствувам добро, истакна британскиот тенисер.

За Мареј ова е само трет турнир по операцијата на колкот во јануари годинава, а во Вашингтон успеа да оствари три победи во низа. За него ова ќе биде прво четвртфинале по Вимблдон 2017 година и треба да се соочи со австралискиот тенисер Алекс де Минаур.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ