Британскиот тенисер Енди Мареј се пласира во четвртфиналната фаза на турнирот Мадрид Опен од серијата Мастерс 1000 по тешкиот и исцрпувачки меч одигран доцна синоќа со Жил Симон (Франција). Мареј победи со 2:1 (2:6, 6:4 и 7:6).
Британецот лошо го одигра првиот сет во кој му дозволи на Симон два „брејка“. Мареј и во вториот сет почна со изгубен сервис, но веднаш потоа на ист начин возврати и на крајот да го освои вториот сет.
Во решавачкиот трет сет при 6:5 во гемови британскиот тенисер не искористи три меч топки, па мораше преку тај-брејк да се избори за влез во најдобрата осумка на турнирот.
Противник на Мареј во полуфиналето ќе му биде Томаш Бердих (Чешка).
Другите двојки се: Надал (Шпанија) – Ферер (Шпанија), Нишикори (Јапонија) – Андухар (Шпанија) и Варвинка (Швајцарија) – Цонга (Франција).