Мареј и Бердих го отвораат турнирот во Лондон

Од:

Во Лондон стартува завршниот Мастерс турнир на кој, со исклучок на Рафа Надал, ќе учествуваат осуммината најдобри на АТП листата.

Турнирот ќе го отворат Енди Мареј и Чехот Томаш Бердих. Покрај нив двајца во А групата се уште и  Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга, тие својот меч ќе го започнат во 20:45 часот.

Натпреварите од првото коло во Б групата ќе се одиграат во вторник, од 14:45 часот својот меч ќе го започнат Роџер Федерер и Јанко Типсаревиќ, додека во вечерниот термин од 20:45 ќе играат Давид Ферер и Хуан Мартин дел Потро.

Победникот на турнирот, доколку победи на сите мечеви, максимално може да освои 1,76 милиони долари и нови 1.500 бодови.

Секоја победа во групата носи 200 АТП поени, победата во полуфиналето носи 400, а во финалето 500 поени.

Парично, секоја победа на турнирот носи 130.000 долари, полуфинална победа вреди 410.000 долари, а со 830.000 долари се наградува победата во финалето.

Инаку, најтрофеен на завршните Мастерс турнири е Роџер Федерер, тој има шест титули, вклучувајќи ја и минатогодишната, поранешните великани на светскиот тенис Иван Лендл и Пит Сампрас имаат по пет, Илија Настасе освоил четири, а Борис Бекер три титули.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех