Светскиот рекет број 2 Енди Мареј поради повреда на грбот го откажа учеството на вториот гренслен од натпреварувачкиот календар, Ролан Гарос, кој стартува овој викенд во Париз.
Британецот не успеа да ги надмине проблемите поради кои беше принуден да се повлече од Мастерсот во Рим. Повеќе од јасно е дека земјената не му е омилена подлога, па фокусот Мареј ќе го има кон сезоната на трева и Вимблдон.