Мареј го пропушта Австралија опен

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти првиот годинашен Грен слем турнир, Австралија опен, бидејќи не ја санира повредата на колкот.

Поранешниот прв светски играч е надвор од терените повеќе од пола година.

Иако имаше најави дека Мареј ќе се врати на официјалните мечеви токму во Мелбурн, сепак утринава стиган вест дека 30-годишниот Шкотланѓанец не е целосно закрепнат.

Тој требаше да игра и на турнирот во Бризбејн кој е во тек, но се откажа во последен момент со објаснување дека сака да биде целосно спремен за АО.

– За жал, нема да играм во Мелбурн оваа година. Уште не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро си заминувам дома, за да направам проценка на сите можности. Им посакувам среќа на останатите. Ќе ми недостигате, објави Енди Мареј на специјална прес-конференција.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 15 јануари во Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата