Британскиот тенисер Енди Мареј ја освои титулата на Мастерсот во Мајами и се врати на второто место на АТП листата. Во исклучително возбудлив меч, Мареј го совлада Шпанецот Давид Ферер со 2:1, по сетови 2:6, 6:4, 7:6.
Ова е втора титула за Мареј во Мајами и вкупно деветта на Мастерс турнирите. Ферер остана само на едната освоена од Париз минатата година.
Со оваа победа, Енди Мареј ќе го помине Роџер Федерер на АТП листата и од утре ќе биде тенисер број 2 во светот.